Најпотресниот статус на Карлеуша до сега: Касапете ме…

Loading...

На Инстаграм Јелена Карлеуша им се обрати на нацијата и на медиумите со отворено писмо во кое се жали на новинарските текстови кои за неа излегуваат веќе цели две седмици.
Од вчера Карлеуша закачи и видео на кое се гледа какво стампедо настанало меѓу новинарите кога се појавила пред студиото на Кошутњак за да ја сними емисијата за “Ѕвездите на Гранд“. Крај него постави и статус:
– Болната медиумска хајка не престанува. Злото кое ни е направено мене и на моето семејство со болните лаги е немерливо. Никогаш никого не сум убила, украла или направила нешто лошо, напротив, цел живот го посветив на помагање на луѓе и животни. Цел Балкан , цел свет нека го гледа медиумското, психолошко, безумно касапење на една жена, нејиното семејство, името, честа, основното човечко достоинство – и нека молчи. За крај, ќе апелирам. Не ми ги ставајте децата на насловни страници. Не ги користете моите деца во вашите болни желби да ми наштетите мене. Има ли во вас барем малку човечност или едноставно сте монструми кои уживаат во злоставување и насилство, лаги и омраза…?, напиша Јелена Карлеуша.

loading...