Најскапата руска IT компанија го претстави својот прв смартфон

Најскапата руска IT компанија Yandex го претстави својот прв смартфон кој веќе е во продажба.
За помош при користење на овој телефон Русите ја имаат асистентката Алиса која е слична на Алекса на Amazon и го олеснува користењето на апликациите и услугите.
Yandex.Phone има HD и LCD екран од 5,65 инчи и оперативен систем Android 8.1.

Може да се заклучува со отпечаток од прст и има меморија од 4 GB и простор за SD картичка.
Цената му е 270 американски долари. Телефонот е проектиран во Yandex, а произведен во Кина. Содржи веќе инсталирани апликации за плаќање, слушање музика, мапи, повикување такси и нарачување храна.
Телефонот претставува нова фаза во развојот на Yandex која сака со ваквиот потег да им конкурира на гигантите како Apple, Samsung и Huawei.