Најскап превоз од аеродром до градот

Loading...

Ако се одлучите по слетувањето на аеродромот во Токио да земете такси за да стигнете до центарот на градот, тоа ќе ве чини 244 евра, но тоа е пат од 66 километри, па така цената во однос на километрите поминати и не го прави најскап превоз.Најскап е превозот по километар во Копенхаген, каде ќе ви наплатат 40 евра за превоз до центар,  но тоа значи дека ќе платите 10 евра за километар.Најновото истражување ги споредува цените на таксипревозот од интернационалните аеродроми до центарот на најблискиот град до кој се сместени.Истражувачите откриле дека во Европа најскап е превозот од аеродромот „Гардермоен“ до центарот на осло, што чини 87 евра.Таксистите кои возат од аеродромот до Софија се најпристапни за цена од 2,5 евра. Зад Софија се наоѓаат Букурешт, каде за такси од аеродром до градот ќе платите 6 евра, а до Истанбул 7 евра.На листата се уште и Женева со 26 евра, Брисел 35 евра, Барселона 30 евра, Париз 44 евра, Амстердам 42 евра, Милано 84 евра, Лисабон 17 евра, Атина 35 евра, Минхен 50 евра и Даблин 25 евра.Најевтин превоз од аеродромот до центарот на градот надвор од Европа забележан е во Делхи, каде за цена од 3 евра ќе се извозите 16 километри. Во Тајланд возењето од аеродромот „Сувернабуми“ до центарот на Банкок чини 7 евра за пат долг 29 километри.
МакфаксАко се одлучите по слетувањето на аеродромот во Токио да земете такси за да стигнете до центарот на градот, тоа ќе ве

loading...
Loading...