Најсовремени борбени авиони Ф-35 на Националната гарда на Вермонт, слетаа во Северна Македонија

Министерката за Одбрана Славјанка Петровска на својот фејсбук профил објави:

Најсовремените борбени авиони Ф-35 на Националната гарда на Вермонт, што слетаа во Северна Македонија, се демонстрација на силното сојузништво и гарант за безбедноста на НАТО.

Слетувањето на авионите од петтата генерација Ф – 35 на македонска територија е доказ дека зад нашата безбедност и безбедноста на Алијансата стојат сите сојузници.

Партнерството меѓу Северна Македонија и Вермонт отсекогаш било пример за соработка, пријателство и заемна поддршка, ниту една земја самостојно ги нема ресурсите за да се справи со сите безбедносни предизвици и дека токму партнерствата ни ја даваат колективната сила и мудрост. 🇲🇰🇺🇸

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.