Најсреќното место на светот денеска изгледаше морничаво – фотографиите кажуваат многу…

Loading...

Рио де Жанеиро и Ница оваа година поради пандемијата на коронавирусот ги откажаа своите карневали, додека пак венецијанскиот се одржуваше само на интернет.
Февруари е месец на карневалот во Венеција кој што го посетуваат околу милион туристи. Оваа година улиците на градот беа празни и никој не размислувал на прослава.
Славниот карневал во Венеција оваа година се одржува само на малите екрани, во две програми од по 90 минути.
Поголемиот дел од програмата во живо се одвива во палатата Вендрамин-Калерги кај Големиот канал, домот на казината и музејот на композиторот Ричард Вагнер.
Вториот круг на интернет изданието од карневалот ќе започне на 11 февруари, а ќе трае до 16 февруари.


Во градот оваа година нема атмосфера на која што цел свет се навикна кога станува збор за овој карневал, а во саботата времето било сиво и магловито, па фотографиите се навистина тажни. Вообичаената слика за овој настан кој се одржува во италијанскиот град е поразлична: голем број луѓе, бал под маски, гледање паради со гондолите и спектакуларни огномети – нема.
Инаку, овој важен настан во Венеција се одржа минатата година, но власта мораше да го запре на 23 февруари откако во Италија во тој период ситуацијата со коронавирусот ескалираше.


Карневалот се одржува во февруари, трае две седмици, а е синоним за радост и забава. Наместо тоа, сега улиците и трговските центри втора година по ред се празни.
„Со години продававме маски, но оваа година не се случи тоа“, изјавил Галтиеро Дал’Осто, сопственик на „Трагикомике“ кој што својата работилница ја отворил во 1979 година.


Венецијанските власти настојувале да го одржат духот на карневалот во живот, пренесувајќи ја програмата онлајн, а со тоа претпоставиле дека луѓето ќе можат да се забавуваат од своите домови.

loading...