Младенците Џони Пачеко и Хајди Пако се венчаа на врвот Илиманија, планина во западна Боливија, пишува Метро. На парот и на сите учесници во венчавката им беа потребни три дена да се искачат на врвот на планината.
Џони и Хајди, кои се од боливискиот град Кочабамба, ги дадоа своите завети на 6.439 метри надморска височина.