Најубавата Шарлота со јагоди

Loading...

2 кутии пишкоти
300 г јагоди
500 мл млеко
1 ванилин шеќер
3 жолчки
100 г шеќер
10 листа желатин
2 лажици сок од портокал
3 лажици сок од јагоди
500 мл слатка павлака
Сварете го млекото со ванилиниот шеќер. Јајцата и шеќерот пенесто изматете ги и додадете ги во топлото млеко. Желатинот потопете го во ладна вода и оставете го да набабри. Загрејте го сокот од портокал и во него додадете го желатинот и варете на тивок оган. Оставете го малку да се излади, а потоа додадете го во кремот.
Изматете ја слатката павлака, па и неа додадете ја во кремот. Пишкотите напрскајте ги со сокот од јагоди и со нив обложете ја подлогата на калапот за торта бр 26. На средината нанесете го филот. Наредете околу целата торта пишкоти. На средината наредете исечкани јагоди. Ставете ја тортата во фрижидер убаво да се излади.

loading...