Најубавите Киндер буено обланди

Loading...

3 обланди
600 г шеќер
600 г млеко во прав
250 г маргарин
200 мл вода
100 г црно чоколадо
Шеќерот и водата ставете ги на шпорет и варете десетина минути. Чоколадото растопете го на пареа.
Изматете го маргаринот постепено додавајќи го млекото во прав. Сè заедно матете да се соедини, па налевајте врел шербет. Матете околу 2 минути и смесата веднаш поделете ја на два дела. Во едниот дел вмешајте го растопеното чоколадо.
На првата обланда нанесете чоколаден фил. Ставете ја втората обланда, нанесете бел фил и прекријте со третата обланда. Добро притиснете со некој тежок предмет, и оставете неколку часови за обландите да се залепат со филот и да се изладат.

loading...