Најчестите грешки на возачите за време на летниот одмор

Loading...

Одењето на годишен одмор може брзо да се претвори од безгрижно патување во кошамар, понекогаш и поради малите нешта поврзани со автомобилот.
За да ви помогнат да си го олесните летното возење, експертите ги издвојуваат најчестите грешки што ги прават возачите кога одат на летен одмор со автомобил.
1. Ставање погрешно гориво во возилото.
2. Возењето на резерва може да биде проблем, поради што често се случува возилото да остане без гориво, бидејќи во текот на летните месеци може да се случи компјутерот погрешно да ја пресмета преостанатата количина на гориво во возилото.
3. Пливање со клучеви, губење клучеви во вода или заклучување на клучевите во возилото.
4. Прегревање на квачилото во долги колони на нагорнина, кочење на квачилото…
5. Може да се случи возачот да не знае каква помош има на располагање и да не ги знае броевите на службите за помош на пат во земјата каде се наоѓаат.


6. Лоша подготовка на приколката што е често преоптоварена, за стари, лоши гуми кои лесно пукаат. Проблеми со осовината или лежиштата на приколката, неисправни светла на приколката, слабо обезбеден товар на покривот на возилото…
7. Употребата на климатизација во возилото во текот на летните денови е неизбежно, но се препорачува умерено користење поради преоптоварување и дефекти на алтернаторот поради континуирано работење на вентилаторот.
8. Една работа што многумина ја забораваат е да понесат церада за возилото кога одат на годишен одмор. Откако ќе пристигнете на дестинацијата и нема да го користите возилото подолго време, препорачливо е да го паркирате во сенка и да го покриете со церада за да избегнете дефекти на електрониката и батериите на возилото кои не се отпорни на покачени температури и подолги периоди на неактивност за време на годишните одмори.

loading...
Loading...