На ароганцијата и нема крај, цела Црна Гора е посрамотена кога видела на што потрошил претседателот 30.000 евра!

Loading...

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во 2017 година платил дури неверојатни 30.000 евра за еден вид од цветот орхидеја во Сингапур да го носи неговото име, откриваат црногорските медиуми.
Иако одамна се знаело дека егзотичниот цвет пред две години го добил името Мило Ѓукановиќ, сепак, тогаш се тврдело дека надлежните во Националната градина на орхидеи во Сингапур го направила тоа за да му оддаде почит на тогашниот премиер Ѓукановиќ, кој им бил во посета.
Меѓутоа, сега се тврди нешто сосема друго. Имено, за таа укажана чест Ѓукановиќ платил 45.000 сингапурски долари, односно 30.000 евра.
– На табла во ботаничката градина во Сингапур пишува: “Оваа орхидеја го доби името по Мило Ѓукановиќ, премиерот на Црна Гора по повод неговата посета на Националната градина на орхидеи“, пишуваат црногорските медиуми.

 

 

 

 

loading...