На Волстрит пад на цените поради кипарските проблеми

Loading...

Во четвртокот на Влострит цените на акциите паднаа, бидејќи инвеститорите се обесхрабрија од кипарските финансиските проблеми и лошите макроекономски податоци од еврозоната.

 Индексот Dow Jones ослабе за 0,62 отсто, на 14.421 поени, додека индексот S&P 500 падна за 0,83 проценти, на 1.545 поени, а, пак, индексот Nasdaq се намали за 0,97 отсто, на 3.222 индексни поени.
Европската унија му даде на Кипар до понеделник рок да изготви нов план со кој би собрал најмалку 5,8 милијарди евра сопствени средства, што е основниот предуслов за да го добие меѓународниот пакет помош од 10 милијарди евра. Доколку тоа не успее, следи колапс на банкарскиот кипарски систем, па веројатно и исклучување од еврозоната на најмалата земја членка на Европската унија.
Дополнителен удар на Кипар во четвртокот бонитетната Standard & Poor's буткајќи му го кредитниот рејтинг подлабоко во статусот „ѓубре”.
Иако станува збор за мала држава, инвеститорите стравуваат дека колапсот на Кипар може да предизвика раст на цените на задолжувањето и за другите презадолжени земји членки на еврзоната, што би го отежнувало излегувањето на оваа економска унија од должничката криза и од рецесијата.
А рецесијата не попушта. Извештајот од четвртокот за индексите на менаџерите на набавката (PMI), кој го изработува лондонската истражувачка компанија Markit, покажа дека активностите во економијата на еврозоната дополнително ослабеле во март, дури и пред избувнувањето на кризата на Кипар. Инвеститорите најмногу ги загрижува забавувањето на растот на активностите во Германија.
Падот на цените на акциите во четвртокот на Волстрит малку го ублажија податоците од САД и од Кина, коишто укажуваат на стабилен, меѓутоа не и спектакуларен рас на двете најголеми светски економии.
Макфакс
Во четвртокот на Влострит цените на акциите паднаа, бидејќи инвеститорите се обесхрабрија од кипарските финансиските п

loading...
Loading...