На Волстрит стагнирање на берзанските индекси

Loading...

Во средата на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи немаше вести кои би можеле позначително да го раздвижат пазарот.

 Во таквото тргување во средата, индексот Dow Jones зајакна за 0,05 отсто, на 13.986 поени, за колку што се зголеми и индексот S&P 500 кој достигна 1.512 поени, додека, пак, индексот Nasdaq ослаби за 0,10, проценти, на 3.168 индексни поени.
Од почетокот на годината индексот S&P 500 порасна за 6 отсто, додека индексот Dow Jones неодамна успеа да се пробие над плафонот од 14.000 поени, што претставуваше најголемото ниво на овие индекси од крајот на 2007 година.
Без солен придвижувач, аналитичарите сметаат дека е тешко да се очекува натамошен раст на цените на акциите.
„Имајќи го предвид силниот, речиси постојан раст на пазарот уште од ноември, краткорочно може д асе очекува блага корекција на цените. Уште повеќе што сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на компаниите, којашто последната седмица ги поддржа пазарите, е при крајот”, вели за Reuters, Дан Сузуки, стратег во „Bank of America-Merrill Lynch”.
И во средата повеќето компании известија за подобрите од очекуваните резултати остварени во четвртиот минатогодишен квартал.
Според податоците на Thomson Reuters, досега 301 компанија од составот на S&P 500 индексот ги објавија деловните резултати, при што 68,1 отсто според заработките ги надминале очекувањата на аналитичарите, што е подобар просек отколку во претходните четири тримесечја. Според приодите, очекувањата ги надминале 65,8 отсто од компаниите.
Mакфакс
Во средата на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи немаше вести кои би можеле позначително да г

loading...
Loading...