На вториот „Skopje Classic Day“ олтајмери и мотоцикли од шест држави

Loading...

Денес на меѓународата манифестација што по вторпат ја организира клубот „Gentleman’s Crew“ ќе бидат изложени повеќе од 50 олтајмери и 30 класични мотоцикли постари од 35 години.
Покрај домашните изложувачи годинава своето учество го потврдија и колекционери од пет држави кои ќе се претстават со 25 олтајмери. Ќе присуствуваат колекционери од Хрватска, Србија, Косово, Бугарија и Германија.
Изборот на најдобар автомобил и мотоцикл ќе го прави тричлено стручно жири, кое ќе ги оценува возилата поделени во класи. Претседател на жирито е професор Харалд Лешке, поранешен главен дизајнер на Mercedes-Benz и тим-лидер во проектот на суперавтомобил Maybach Excelero.
Покрај презентацијата на возилата и мотоциклите, настанот ќе биде збогатен и со низа други содржини.
– Оваа година организациски настанот оди едно скалило погоре, за што се погрижи хотелот Александар Палас во Скопје, кој е домаќин на собирот. И овој пат, главната идеја за организирање на настанот е да се соберат на едно место префинети примероци на историски возила од регионот и пошироко, и во една лежерна атмосфера да се ужива во убавата музика, мода и вино, кои ќе претворат овој ден на убавината и елеганцијата, во ден на вистинско уживање, велат организаторите.

loading...