На гостите кои нарачале вино им послужил од најскапото – по грешка!

Келнер од Манчестер по грешка на еден гостин му сервирал шише со вино кое чини 4.500 фунти (5.144 евра) , објавија од ресторанот „Хауксмур Манчестер“ на „Твитер“, без да прецизираат по која цена ова вино им било наплатено на гостите.
-Од таму додаваат оти се надеваат дека гостите уживале во вечерата за време на која по грешка биле послужени со ексклузивното вино „Шато ле Пин померол“ старо 18 години, пренесува Би-би-си.
Од ресторанот на својот келнер му порачале дека разбираат оти грешки се случуваат и дека без разлика на сè и понатаму го сакаат.

Објавата на „Твитер“ предизвика бурни реакции кај корисниците – едни го фалеа раководството на ресторанот бидејќи не биле строги кон келнерот кој направил грешка, додека други се пошегувале дека мора да го посетат Манчестер.

Според интернет-водичот за вино „Култни вина“, во светот се произведени само 500 кутии од ова вино, кое се опишува како пијалак во кој е вложено многу внимание и напор со цел да се добие длабоко црвена-сино-пурпурна боја, проследена со извонреден мирис на ликер од цреши, сливи, карамели и сладок коре