На девојката за роденден и подарил букет од банкноти вреден 52.300 долари, а потоа?

Loading...

Маж во Кина на својата девојка за роденден и подарил букет направен од банкноти во вредност од 320 илјади јуани, односно 52. 300 долари. Како што пишува „Чонгпинг Морнинг пост“ мажот направил огромен букет од банкноти во облик на срца, кои и ги подарил на девојката.


Се додава дека вкупно седум лица повеќе од 10 часа поминале во правење на овој букет.
Иако неговата девојка многу се израдувала на подарокот, мажот би можел да биде казнет поради обвинение дека и „нанел навреда“ на домашната валута, која според кинескиот закон мора да се чува.


Сепак, многу луѓе преку социјалните мрежи навеле дека ова е многу убав начин да се израдува девојката или саканата личност, додека некои веруваат дека можел да подготви многу поедноставен подарок.

loading...