„На Дубровник му се заканува катастрофа“: Туристите го опседнуваат градот како никогаш претходно

Дубровник е под неверојатна опсада на туристи ѝ му се заканува катастрофа поради нив, објавено е во прилог на списанието ART.
Дубровник во прилогот е опишан како “хрватската Венеција“ поради големото интересирање на туристите за овој град, а оваа година во Дубровник има повеќе туристи отколку порано.
Како најголем проблем се јавуваат еднодневните туристи кои доаѓаат на посета на градот, се фотографираат, па Дубровник кој е под заштита на УНЕСКО, најмногу “пати“ поради нив и од “претераниот туризам“, пренесуваат од „Index.hr“.
Градските власти се обидуваат да најдат решение за овој проблем. Дубровник до неодамна во текот на денот го посетувале по четири крузери, но сега се дозволени само два.


Во раните утрински часови има над илјада туристи кои доаѓаат со крузери и веќе шетаат по улиците на градот. Овие туристи, но и оние кои во текот на денот доаѓаат со автобуси и автомобили создаваат неверојатен метеж затоа што се обидуваат да се пробијат и да пријдат што поблиску до стариот град.
Во прилогот се наведува дека Дубровник е една од најпопуларните дестинации затоа што таму се снимала и серијата „Игра на тронови“. Илјадници туристи во текот на денот сакаат да ја посетат таа локација на која се снимала серијата. Локалните туристички водичи велат дека туристите се заинтересирани за тоа повеќе отколку за тоа да научат нешто повеќе за Дубровник.
Проблемот е и во тоа што поголемиот дел од туристите сакаат да се фотографираат на познатите скали на кои Серсеи Ленистер се шеташе гола во една од сцените на серијата, па дури и самите се соблекуваат голи, особено во ноќните часови. На локалните жители тоа им пречи и велат дека невозможно е да се живее во стариот дел од градот.
Некои од граѓаните сепак истакнуваат дека Дубровник живее од туризмот и дека не треба да се преземаат одредени мерки на забрана кои ќе ги протераат туристите и велат дека се навикнале на метежот.

Loading...