ЕВРОПА пред КАТАСТРОФА!? Научниците откриваат дека еден проблем може да го уништи континентот

Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени ќе ја чини Европа 872 милијарди евра до 2100 година. Најзагрозени области се делови од Италија, Франција, Холандија, Данска и балтичките земји, се вели во студијата објавена во научното списание Scientific Reports.

Резултатите од студијата сугерираат дека е неопходно да се воведат економски мерки за регионите на кои им се заканува пораст на нивото на морето, велат авторите на студијата.

Истражувачите го симулираа потенцијалното економско влијание на порастот на нивото на морето во 271 европски регион од сега до 2100 година, во сценарио кое претпоставува високи нивоа на штетни емисии и без мерки за заштита на крајбрежјето.

Според тоа сценарио, Италија би била меѓу најтешко погодените земји.

Целните инвестиции во логистиката, јавните услуги и градежништвото би можеле да ги намалат потенцијалните економски загуби од порастот на нивото на морето, заклучуваат научниците.

Истражувањето го спроведе холандскиот технолошки Универзитет „Делфт“ во соработка со Европскиот Институт за економија и животна средина во Милано и Универзитетот „Ка Фоскари“ во Венеција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.