На Зекири и Рашковски ќе им суди иста судика

АКМИС-системот одреди Фанка Јанчулева – Михаиловска да му суди на поранешниот владин секретар Мухамнед Зекири за склучување на договори без тендер за физибилити студии за приватизирање на АД Пошта и АД Железници.

На Зекири и Рашковски ќе им суди иста судика

Претходно кривичниот суд го прифати обвинителниот акт на Зекири да му се суди за злоупотреба на службената положба 

Првото судење е закажано на 15 декември. Зекири е обвинет дека го оштетил државниот буџет за околу 1милион и 400 илјади евра. 

Фанка Јанчулева – Михаиловска  е истиот судија која во моментов му суди и на претходникот на Зекири на функцијата генерален секретар на Владата – Драги Рашковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.