На Инфективна тинејџерка со морбили и бронхопневмонија се бори за живот

На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани 35 пациенти со морбили од кои 14 возрасни и 21 дете. Меѓу нив една 16-годишна девојка која има морбили и бронхопневмонија е во животозагрозувачка состојба и е ставена на механичка вентилација, информираа Клиниката. Како последица на заболувањето, во потешка здравствена состојба се и две деца и двајца возрасни.
Од Клиниката, исто така, наведуваат дека во изминатите 24 часа амбулатски биле прегледани четворица пациенти меѓу кои едно невакцинирано осуммесечно бебе од скопското село Шишево, четиримесечно бебе од Сарај и двајца возрасни од Чаир.