На Клиниката за хематологија за прв пат изведена афереза на периферни матични клетки кај дете

Loading...

Вака д-р Ирина Пановска-Ставридис раскажува за деветгодишниот херој Никола, кој е во болница ама само за да ѝ дарува клетки на неговата петнаесетгодишна сестра која пред еден месец е дијагностицирана со леукемија и неопходен и е третман со трансплантација на матични клетки.
Во Македонија за првпат е возможно дете помало од 14 години да биде донор, а досега за ваква процедура помалите пациенти се упатуваа во странство.
Ова значи дека петнаесетгодишната Ана Марија нема да треба да оди надвор од земјата за трансплантација, а од сега и најмалите пациенти од детската клиника ќе можат да бидат донори, зошто земањето на клетки нема опасност по нивното здравје.

loading...
Loading...