На која возраст жените потешко остануваат бремени?

Loading...

Без оглед на возраста, сè повеќе парови се соочуваат со тешкотии за зачнување. Поради тоа расте притисокот идните мајки што порано да се соочат со предизвикот на раѓање дете.
Притисокот жените што побрзо да останат бремени е погрешен, затоа што неретко не се земаат во обѕир неколку клучни фактори. Како прво, пронаоѓање на соодветен партнер, годините вложени во образование и градење кариера, здравјето на жената и слично.
Ваквиот вид на хроничен притисок се нарекува „паника за бебе“.
Додека мажите не мора да се грижат за ненадејната намалена плодност, кај жените шансите за успешна бременост постепено се намалуваат по триесеттата година, а нагло опаѓаат по четириесеттата година.


Верувањето дека плодноста кај жените нагло опаѓа по 35-тата година, судејќи според новите истражувања, е преувеличено. Друга студија, стара 15 години, сведочи за скоро идентична плодност кај жените во дваесеттите и триесеттите години. Ова истражување откри дека дури 82% од жените на возраст меѓу 35 и 39 години останале бремени во период од една година. Во случајот на жени на возраст меѓу 27 и 34 години таа бројка изнесува 86%.
Во 2013 година е спроведено истражување кое покажало дека 78% од жените на возраст меѓу 35 и 40 години забремениле во рок од една година, во споредба со 84% од жени на возраст меѓу 20 и 34 години, кои исто така имале успех.
Научниците сега порачуваат дека вистинската возраст кога забременувањето навистина станува потешко е по четириесеттата година.

loading...