На кој прст носите прстен? Што кажува тоа за вас?

Loading...

Можеби мислите дека е сеедно на кој прст од раката носите прстен, но всушност не е така. Само со еден поглед на вашите раце, може да се открие каков е вашиот карактер.
Овој текст не се однесува на венчалните или вереничките прстени, туку на оние кои ги носите како украс.
Палец
Отворени сте, весела, забавна и енергична личност. Вие уживате во животот и секогаш сте подготвени за нови искуства. Сакате се што е модерно и секогаш ги следите трендовите, особено што се однесува до облекувањето. Не сте срамежливи и уживате да сте во центарот на вниманието, особено ако другите ве фалат.
Показалец
Доста сте самоуверени и одговорни. Одлично се снаоѓате во улога на водач и обожувате да ги предводите останатите. На луѓето околу вас може да им се причини дека сте цврста и ладна личност, но под „челичната“ завеса се крие емотивна и нежна страна која ужива во префинетоста.
Среден прст
Луѓето кои носат прстен на средниот прст, едноставно одбиваат да пораснат. Неретко се себични и тврдоглави. Меѓутоа, секојпат се искрени и грижливи, особено кон семејството и блиските. Поради детскиот дух во вашиот карактер, често пати знаете да ги излудувате најблиските, но тоа е всушност изворот на вашиот шарм.
Домалиот прст
На овој прст се носи венчалниот прстен, но ако и покрај тоа сакате да носите прстени на тој прст, тоа значи дека во суштина сте романтична и чувствителна персона. Љубовта е за вас смисолот на постоењето, секогаш се надевате дека ќе ја пронајдете љубовта која ќе ви го растопи срцето и која ќе трае вечно.


Малиот прст
Нежна и скромна и што е најбитно прецизна личност. Може слободно да се каже дека сте перфекционист. Обрнувате големо внимание на детали и не сакате да правите ни најмали грешки при работата. Луѓето кои носат прстен на малиот прст, се најчесто воркохолици. Во работата ве мотивира внатрешното задоволство и признанието на останатите луѓе.
Повеќе прсти
Луѓето кои претеруваат со носење на прстени на четири или на пет прсти, веројатно им недостасува самодоверба. Својата несигурност сакаат да ја сокријат со тоа што ќе се „накитат“. Во вечна потрага се за вистинската љубов и обожаваат луксуз. Сепак, луксузот не може да ги надомести пријателите и вистинската љубов.
Не носите прстени
Сакате да водите едноставен живот. Без непотребни и сувишни украси. Искрени, одговорни, мирољубиви, паметни и вредни. Секогаш сте спремни за учење на нови работи. Се издвојувате од групата речиси секогаш. Избегнувате конфликти колку што е тоа можно почесто.

loading...
Loading...