На Лавот му треба одмор, Вагата размислува за брак

Loading...

ОВЕН
Работa: Се трудите да смените нешто на ова поле, но некои работи не можат да дојдат така лесно.
Љубов: Ве очекува интересно познанство со личноста која ќе покаже дека кон вас има искрени чувства.
Здравје: Нема поголеми проблеми со здравјето.
БИК
Работа: Можно е мотивацијата да ви е позитивно нагласена и дека ќе остварите добри резултати.
Љубов: Имате впечаток дека партнерот не е сосема искрен кон вас, и понекогаш се прашувате каде води вашиот однос.
Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Не се откажувате од своите идеи, иако моментално немате поддршка. Знаете дека вредите и се борите за себе.


Љубов: Не ви е лесно да се смирите со личност од минатото затоа што постојат работи кои и натаму не сте подготвени да ги простите.
Здравје: Ќе ви годи физичка активност.
РАК
Работа: Преку креативноста би можеле лесно да ги остварите плановите кои ги имате. Ве очекува поволен период.
Љубов: Имате преголеми очекувања од личноста која ви се додворува. Немојте да верувате во секој збор.
Здравје: Немојте да се форсирате премногу.
ЛАВ
Работа: Немате доволно трпение на работното поле, и лесно може да се впуштите во караница со надредените.
Љубов: Моментално не сте заинтересирани за нова врска. Бирате да бидете сами затоа што ви треба одмор.
Здравје: Внесувајте повеќе калциум.
ДЕВИЦА
Работа: Можно е неочекувано да ви се појави понуда за работа која ќе ви одговора.
Љубов: Ве очекува поволен ден во комуникација со личноста која ќе покаже дека кон вас има чувства.
Здравје: Работете кон подобра концетрација.
ВАГА
Работа: Очекувајте дека ќе успеете да ги остварите своите амбиции на ова поле. Пред вас е добар период.
Љубов: Можно е да размислувате за брак со личноста со која сте моментално во врска. Подготвени сте за промени.
Здравје: Имате вишок енергија.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате доверба во луѓето кои блиску соработувате и задоволни сте од односот кој сте го оствариле.
Љубов: Ви доаѓа познанство со личноста која ќе биде шармантна, отворена, и која ќе биде добра кон вас.
Здравје: Се чувствувате сосема добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Слушајте ја својата интуиција и ќе успеете да го остварите она што го сакате. Инстиктот нема да ве излаже.
Љубов: Време е да изберете личност со која ќе имате во план заедничка иднина.
Здравје: Водете сметка околу очите.
ЈАРЕЦ
Работа: Ви се појавиле компликации во односот со соработниците. Потрудете се смирено да ги решавате проблемите.
Љубов: Пред вас е почеток на љубовна врска која би можела да трае на долги патеки во иднина.
Здравје: Стресот поради работа носи проблеми.
ВОДОЛИЈА
Работа: Ако се занимавате со приватна работа, ќе успеете да ги остварите плановите кои сте ги зацртале и ќе бидете задоволни.
Љубов: Очекувајте добра атмосфера со саканата личност. Добро се сложувате по сите прашања.
Здравје: Одлично.
РИБИ
Работа: Очекувајте многу важни случувања кога е во прашање полето работа. Водете сметка околу својата концентрација.
Љубов: Ако ви се допаѓа личност која сте ја запознале преку работа, таа врска ќе биде комплицирана.
Здравје: Мали болки во грлото.

loading...
Loading...