На Марина Туцаковиќ повторно не и е добро, има мачнини и вртоглавици: Битката со ракот не е завршена, но таа не се предава

Loading...

Неодамна Марина Туцаковиќ, познат српски текстописец, и откри на јавноста дека битката со канцерот се уште не е готова.
Имено на Марина ракот на дојката и беше дијагностициран во февруари 2018 година и се уште прима терапија. Хемотерапијата е во тек, а бидејќи се работи за лекување кое го уништува имунолошкиот систем речиси секој ден прима инфузија.
“После хемотерапијата ми е лошо, имам мачнини и вртоглавици, затоа во инфузијата примам одредена комбинација на витамини кои многу ми помагаат брзо да се опоравам и да си ја вратам силата“, вели Марина за српските медиуми, за потоа да открие дека силата и волјата никогаш не ја напуштиле, и дека се надева на најдоброто.

 

 

loading...