На мета 540 милиони корисници на Фејсбук

Истрагата на компанијата задолжена за безбедност на Интернет покажала дека детални информации за повеќе од 540 милиони корисници на Фејсбук со месеци биле јавно видливи. За време на рутинската контрола компанијата “Апгард“ открила големо складиште на податоци на необезбеден сервер на “Амазон“ кој го користиела една мексиканска фирма за социјални мрежи.
Најголемиот дел од информациите кои содржеле имиња, коментари, реакции и идентификациони броеви, биле за посетителите на страницата „Култура колектива“ (Cultura Colectiva). Страницата соопштила дека податоците се собрани од интеракција со корисниците.
Бидејќи “Култура колектива“ нема пристап до таквите информации за корисниците, приватните податоци како што се меил адреси и лозинки не биле на споменатиот сервер.
Се огласија и од Фејсбук и соопштија дека неговите правила не дозволуваат податоците од друштвената мрежа да се чуваат во јавно достапните бази.