На овие охридски плажи е забрането пливање: Езерото не е безбедно за капење!

После 21 година во Охрид, прв пат на потегот од Самоилова тврдина на плажите кон Партизан, Младост се поставени знаци забрането пливање.
-Колекторот после толку години не е во функција! Ало фотелјаши, вие што се грижевте, што кажувате дека ќе не биде дали сте нормални? До кога ќе го уништувате и она малку убаво што остана во Република Македонија? Криминалци едни неспособни! Се работи за здравјето на луѓето, за уништување на природа, за уништување на туризмот, коментира Самоил Малчески на својот Фејсбук профил.

Loading...