На патот село Стење-Царев Двор запленети 23 килограми марихуана

Синоќа околу 22:00 часот на патот село Стење-Царев Двор, Ресенско, по добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола ги затекнале лицата Б.Г(46) и В.А(56), од Република Албанија, со живеалиште во Охрид, со товарно возило “Мерцедес Вито” со бугарски регистарски ознаки и едно лице кое управувало патничко возило “Мерцедес“.
Лицето со патничкото возило “Мерцедес“ побегнало од местото на настанот и во близина на село Долна Бела Црква од возилото фрлило две торби со околу 23 килограми марихуана.
Б.Г. и В.А. биле приведени и задржани во полициска станица, а по целосно расчистување на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Товарното возило, торбите со марихуана и други предмети биле одземени за понатамошна постапка. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на третото лице и патничкото возило, и за целосно расчистување на случајот.

Loading...