На покана од претседателот Макрон претседателот Иванов оди на прослава во Париз

На покана од францускиот претседател Емануел Макрон, нашиот претседател Ѓорге Иванов, во недела во Париз ќе учествува на светската прослава посветена на одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна. Претседателот Иванов во текот на денот ќе учествува и ќе се обрати на еден од панелите на конференцијата насловена како Париски мировен форум. На манифестациите по тој повод во Париз ќе учествуваат претседатели на држави или Влади на повеќе од 60 држави од светот.

 

Loading...