На Попова Шапка минус 15 степени, Маврово со 56 сантиметри снежна покривка

Минус 15 степени се измерени изутринава на Попова Шапка, а минус 12 во Маврово и Крушево. Температури под нулата има во сите населени места во Македонија, информира УХМР.
Снежната покривка во Маврови Анови изнесува 56 сантиметри, 26 во Крушево, 24 во Битола, 17 во Тополчани, 11 во Пожаране, 10 во Берово, осум во Лазарополе…
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Во повеќе места повремено ќе провејува снег, а во јужните делови врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1 степен.


Во Скопје, претежно облачно со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен, околу пладне засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до -1 степен.
Под влијание на многу студена воздушна маса, следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Повремен слаб снег ќе има и во недела, а во првите два дена од следната недела ќе биде сончево со умерена облачност, но и натаму ќе биде студено.

Loading...