На Попова Шапка 74 сантиметри снег, измерени -8 степени

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -8 степени, а има и најмногу снег, 74 сантиметри.

Како што соопшти УХМР, до 08:30 часот се измерени -6 степени во Берово, -5 во Маврови Анови, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп и Крушево, -3 во Тетово, -2 во Скопје – Петровец, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница и Струмица, -1 во Скопје – Зајчев Рид и Куманово, како и 2 степена во Гевгелија и Дојран.
Висината на снежната покривка до 7 часот во Маврови Анови била 15 сантиметри, во Крушево 6 и во Ѓуриште 3.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.