На протестите во Париз повеќе од 20 повредени

Loading...

Вчера во Париз во судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои се бунтуваат против зголемувањето на цените на горивото повредени беа најмалку 24 лица, меѓу кои и петмина полицајци, а еден од повредените е во потешка состојба. Како што рече францускиот министер Кристоф Кастанер на протестите, пак, низ цела Франција вчера учествувале околу 106.300 луѓе.
-Во екот на протестите, некаде околу пладне, имаше околу 106.300 луѓе кои протестираа. Ова е многу помалку во споредба со претходната сабота, кога бројот на учесници во протестите беше речиси 244.000. Во Франција се одржаа 1.619 протести, а 130 луѓе се приведени“, соопшти Кастанер, додавајќи дека на некои места вчерашните конфликти биле понасилни во споредба со претходната седмица, пренесе агенцијата „Тасс“.

loading...