На распит кај Русковска – Боки 13 утре, Јанева во вторник

Loading...

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит повторно се повикани осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.
Боки 13 е повикан на распит утре напладне, а Јанева, која е разрешена од функцијата и е во притвор како осомничена во „Рекет“ исказ ќе дава во вторник, потврдуваат за МИА од обвинителството.
Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

 

loading...