На светско ниво, 307.930 луѓе се разболеле за еден ден, починале 5.537 лица: Индија, САД и Бразил сè уште имаат најголем пораст

Loading...

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека уште 307.930 лица се разболеле од коронавирусот во светот  за еден ден, пренесува Ројтерс.

Бројот на починати се зголеми за 5.537 на 917.417.

 Најголем пораст на бројот на заразени лица сè уште е забележан во Индија, САД и Бразил.

 Регистрирани се 94.372 нови случаи во Индија, 45.523 во САД и 43.718 во Бразил.

И САД и Индија објавија повеќе од 1.000 смртни случаи, додека 874 лица починаа во Бразил.

loading...