На скопска Гинекологија извадена циста тешка 90 килограми од 45-годишна жена

Loading...

90 килограми циста е извадена од стомакот на 45 годишна жена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Жената дошла во тешка здравствена состојба.
Според ковид протоколите жената била тестирана за корона вирус и била негативна. Тимот на медицински персонал со гинекологот Игор Алуловски и голем тим на анестезиолози операцијата ја правеле скоро пет часа.
Големината на цистата е досега најголема извадена од човек во Македонија, но и во Европа. Цистата почнала да расте од матката и се проширила низ целиот стомак, предизвикала и труење на крвта, а големината направила притисок врз ребрата и срцето. Пациентката се уште е во шок соба.
Според кажувањата на семејството жената скоро три години ги имала овие проблеми, но била исплашена и не сакала да оди на доктор.

loading...