На Србите не им се допаднаа новите македонски денари

Loading...

Само неколку земји меѓу кои Австралија како пионер во воведувањето на полимерните банкноти, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи и Романија ги имаат заменето традиционалните хартиени банкноти со полимерни, а на ова семејство од 15-ти мај му се приклучи и Република Македонија откако Народната банка во оптек ги пушти новите 10 и 50 денарки.
На прашањето на српски Телеграф дали и Србија ќе го следи овој тренд, Народната банка на Србија одговара дека засега монетарните власти не планираат емисија на банкноти изработени од полимер. Според нив, пластичните банкноти покрај предности, имаат и маани како што се:
– Трошокот за нивно производство е поголем отколку за хартиените;
– Ракувањето со овие банкноти е отежнето кога постои влага
– Бојата избледува кога се изложени на сонце
– Не е во потполност потврдена компатибилноста со машините за уплата и исплата

loading...