НА ТЕЛОТО НА МАТЕЈ МУ СЕ СЛУЧИЛО ОВА – форензичар ги откри сите детали кои настанале во водата

Телото на Матеј Периш чиј траг се изгуби н 31 декември минатата година на Савскиот кеј во Белград, извлечено беше вчера на Ада Хуја, пет месеци по неговото исчезнување.
-Неговото тело беше извлечено неколку километри од наводното место на исчезнување, а тоа отвори и многу дилеми во јавноста. Едно што е сигурно е дека телото било заглавено на нешто во реката во текот на овие месеци кога се трагаше за него. После два месеци телото доживува сапонификација, односно собирање на кожата (солта се собира во површината на кожата), тоа значи дека од надвор телото е зачувано, но внатрешните органи започнуваат да скапуваат. Во организмот се собираат бактерии и телото станува како балон, а со зголемувањето на температурите овие денови истото испливува на површина, објаснува српскиот форензичар Ристиќ.
Тој додава дека во исто време врз неговото тело ќе се изврши и токсиколошка анализа, а при обдукцијата ќе се земе и желудечна содржина доколку постоела, но и врз основа на анализата на крвта може да се потврди дали земал нешто или не пред да исчезне.
-Иако многу време помина, сепак доколку пиел алкохол или конзумирал нешто друго обдукцијата треба да го потврди тоа. Водата беше ладна во изминатиот период и тоа е предност за лекарите, бидејќи одредени органи се зачувани, истакна тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.