На Урал започна „метеорска грозница”

Loading...

Делови од метеорот кој експлодираше над рускиот масив Урал во петокот наутро и паднаа на површината покренаа своевидна „метеорска грозница” во којашто се вклучија многу ловци на вселенски камења чија вредност може да достигне илјадници американски долари.

 Метеорскиот дожд кој падна врз градот Чељабинск предизвика штета која се проценува на 33 милиони американски долари и повреди околу 1.200 луѓе, главно полесно, а оштети над три илјади објекти од кои стотици болници, училишта и детски градинки.
Меѓутоа оваа појава предизвика и „метеорска грозница” во областа околу овој индустриски град, на околу 1.500 километри источно од главниот руски град Москва, каде уште од викендот почнале да пристигнуваат групи луѓе коишто започнале потрага низ снегот и мразот по остатоци на распаднатиот вселенски болид.
Еден вселенски ентузијаст аматер процени дека грам од парчето вселенска карпа би можело да чини 2.200 долари, што е 40 пати повеќе од моменталната цена на златото.
„Тешко е се процени колкава цена може да се постигне.., што повеќе камења ќе бидат пронајдени, цената ќе биде пониска”, изјави Дмитриј Качкалин, член на Руското здружени ена аматерите љубители на метеорити. Метеоритите се делови од метеор коишто паѓаат на Земјата.
Научниците од Уралскиот универзитет објавија дека во понеделникот пронашле 53 мали метеорити недалеку од езерото Чебаркул крај Чељабинск. Тие парчиња се со пречник до еден сантиметар, меѓутоа научниците се убедени дека поголемите парчиња паднале во езерото каде во петокот по експлозијата е пронајдена дупка во мразот со пречник од осум метри.
Макфакс
Делови од метеорот кој експлодираше над рускиот масив Урал во петокот наутро и паднаа на површината покренаа своевидна „метеорска грозница” в

loading...