На исландскиот полуостров Рејкјанес на југозапад од земјата синоќа се случи вулканска ерупција по неколкунеделна зголемена сеизмичка активност.
Би-Би-Си потсетува дека околу 4.000 луѓе претходно биле евакуирани од рибарскиот град Гриндавик, а затворена е и блиската геотермална бања Blue Lagoon.
– Ерупцијата започна северно од градот во 22:17 часот по локално време – соопшти Исландската метеоролошка служба (ИМО).
Се наведува дека од крајот на октомври е забележан зголемен број земјотреси во областа околу главниот град Рејкјавик.
ММО објави дека ерупцијата се наоѓа на околу четири километри североисточно од Гриндавик и дека сеизмичката активност се движи кон тој град.
На фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како лава избива од вулканот само еден час по регистрираната серија земјотреси.
Се вели дека ерупцијата е видлива од главниот град на Исланд , кој се наоѓа на околу 42 километри североисточно од Гриндавик.
Еден од очевидците изјави за Би-Би-Си дека половина од небото во правец на градот „осветлило во црвено“ поради ерупцијата , а може да се види чад како се дига нагоре.
Полицијата ги предупреди луѓето да се држат настрана од областа.
WATCH: Moment volcano erupts near Grindavík, Iceland pic.twitter.com/3CaFcnKpbv— BNO News (@BNONews) December 18, 2023
– Должината на празнината во вулканот е околу 3,5 километри, а лавата истекува со брзина од околу 100 до 200 кубни метри во секунда – наведе ММО.
WATCH: Volcano erupts in Iceland, lava shooting into the air from fissure extending 2.5 miles (4 km) pic.twitter.com/M93QePO4wK— BNO News (@BNONews) December 19, 2023
Во соопштението се додава дека тоа е многукратно повеќе отколку при претходните ерупции на полуостровот Рејкјанес во последните години.