НЕВЕРОЈАТЕН НАПАД НА АЈКУЛА: Погледнете го моментот кога морскиот ѕвер скока од водата директно на бродот

Камерон Синклер и неговите пријатели биле шокирани кога мако ајкула скокнала на палубата на нивниот рибарски брод.

НЕВЕРОЈАТЕН НАПАД НА АЈКУЛА: Погледнете го моментот кога морскиот ѕвер скока од водата директно на бродот

Моментот кога најбрзата ајкула на светот скокна на палубата на чамец и за малку ќе удреше во група зашеметени рибари беше снимен на камера. Снимката споделена од Камерон Синклер, еден од рибарите на бродот, покажува атлантска кратка перка мако ајкула како скока од водата додека рибарите го привлекуваат својот улов поблиску до чамецот.

Групата била на риболов крај брегот на Масачусетс во САД во текот на викендот кога ѕверот скокна директно на палубата. Додека сакале да ја земат фатената ајкула на задниот дел од чамецот, пред нив се појавила друга ајкула, која се превртела во воздух и удрила во чамецот.

Ајкулата удрила во палубата, шокирајќи ги рибарите.

Еден од риболовците го испуштил својот риболовен стап и истрчал по скалата додека неговиот пријател бил заробен во аголот. Во овој „воздушен напад“ на ајкулата нема повредени.

Видеото беше широко споделено на социјалните мрежи и многу љубители на риболов на шега го нарекоа „најлесниот улов досега“.

Еден се пошегува: „И сега се се смени, ајкулите доаѓаат по нас!“ Насловот на видеото гласеше: „Оваа мако ајкула премина во режим на целосен воздушен напад. Нечуено“. Според американската Национална океанска и атмосферска администрација, мако ајкулите се наведени како „забранети видови“, што значи дека не можат да бидат убиени или земени како улов.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.