Неверојатен трик за миење пластични садови: Не мора да ги фрлате, на овој начин ќе ја отстраните најлошата маснотија!

Loading...

Сигурно барем еднаш во животот ви се случило во омилениот пластичен сад да ставите нешто мрсно, а потоа да не можете да го измиете.
На својот ТикТок профил, Американката Ади Кемплер со пријателите споделила трик кој на многумина ќе им го олесни животот.
Во садот кој е ‘проблематичен’, ставете детергент за садови, топла вода и убрус. Кога ќе ставите сè, затворете го садот со капак и тресете кон сите правци една минута. Тргнете го капакот, извадете го убрусот и исплакнете го садот кој ќе ве изненади со својата чистота.
Убрусот ја собира целата маснотија за време на процесот во кој го тресете садот во сите правци.

loading...