Неверојатно здрава намирница: Изобилува со витамини и минерали, помага во регулирање на холестеролот и шеќерот во крвта!

Loading...

Киноата е всушност псевдо житарица, бидејќи се подготвува, се консумира и ги содржи сите хранливи вредности како житарките, но всушност припаѓа на семејството трева.
Киноата е богата со многу минерали, како што се магнезиум, манган, железо, бакар, фосфор, цинк, селен, калиум и калциум, кои се неопходни за правилно функционирање на човечкото тело.
Покрај минералите, содржи и голема количина витамини и тоа, витамин Б комплекс и витамин Е. Исто така, содржи и голема количина на растителни влакна, па затоа поволно делува на метаболизмот.


Она што е важно да се напомене е дека киноата ги содржи сите осум аминокиселини кои му се потребни на човекот, за разлика од останатите житарици кои содржат најмногу три, поради што ова растение се смета за ‘супер храна’.
Ова се некои од лековитите својства на киноата:
Може да го регулира холестеролот
Високата концентрација на влакна која киноата ја содржи, помагаат при намалување на покачениот холестерол. Апсорбирачките влакна измешани со жолчна киселина се лачат во организмот и го намалуваат лошиот LDL холестерол. За луѓето кои страдаат од висок холестерол и треба да го намалат внесот на животински протеини, киноата е идеална билка, замена за истите.


Го контролира крвниот притисок
Познато е дека калиумот позитивно делува на крвниот притисок. Тој одржува здрава рамнотежа на натриумот во организмот што дополнително може да влијае на намалувањето на притисокот.
Помага при слабеење
Влакната и протеините кои киноата ги содржи, нѝ даваат енергија, но одржуваат и чувство на ситост. Освен тоа, можат и да го забрзаат метаболизмот и ја регулираат работата на дигестивниот тракт.
Може да го намали ризикот од дијабетес
Апсорбирачките влакна кои ги содржи киноата го контролираат нивото на шеќер во крвта, докажано е во многу истражувања. Благодарение на фолната киселина, витаминот Е и полисахаридот, ќе се спречат несакани воспалителни процеси кои се поврзани со ризик од развој на дијабетес тип 2.

loading...