Неверојатно лековито, а неправедно занемарено овошје: Ја чисти крвта, го регулира притисокот

Loading...

Дудинките се слатки плодови кои растат на секој чекор, а се одлични за здравјето. Тие се вистинска мала витаминска бомба и помагаат во превенција на бројни тегоби, а малкумина ги познаваат нивните лековити својства.
Ова овошје содржи многу малку калории, а истовремено многу протеини, минерали, витамини и антиоксиданти, вклучувајќи антоцијани – пигменти растворливи во вода кои им даваат различна боја на овие плодови.
Спречуваат бројни тегоби
Ова ситно овошје е полно со антиоксиданти кои спречуваат нагло покачување на шеќерот во крвта, поради што е корисно и за лицата кои боледуваат од дијабетес, како и разни воспалителни процеси и невролошки тегоби. Освен тоа, овие супстанци го штитат телото од стареење и го нормализираат метаболизмот.
Редовната употреба на дудинки помага во спречување на создавање крвни згрутчувања и појава на мозочен удар. Истражувањата покажуваат дека тие ја чистат крвта и го зајакнуваат целото тело.
Дудинката е одличен извор на витамин Ц кој е моќен антиоксидант и стимуланс на имунитетот и кој штити од грип и други настинки. Овие плодови се карактеризираат со уште една важна состојка, а тоа е ксантин, материја која ја штити мрежницата (ретината) од штетните УВ зраци.


Овие вкусни бобинки се исто така богати и со железо кое е компонента на хемоглобинот во црвените крвни зрнца, а содржат и големи количини на калиум, манган и магнезиум кои помагаат во контрола на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Дудинките исто така содржат големо количество на фолна киселина, ниацин, витамин Б6 и К.
Помагаат и кај појава на гастритис и хроничен хепатитис, го забрзуваат закрепнувањето по разни операции, ја подобруваат циркулацијата на крвта и спречуваат развој на заразни болести.
Сочните бобинки го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта и со тоа го штитат срцето, а кога редовно се консумираат, тие влијаат и на зголемување на апетитот.

loading...
Loading...