Невидени поплави во Индија: Најмалку седум жртви

Најмалку седум жртви при обилни дождови во индиската држава Гуџарат

Невидени поплави во Индија: Најмалку седум жртви

Најмалку седум лица загинаа, додека обилните дождови продолжуваат да ја погодуваат западната индиска држава Гуџарат, јави Би-би-си.

Одделот за временска прогноза соопшти дека се очекува невремето да трае и во наредните неколку дена.

Околу 9.000 луѓе се префрлени на безбедни порадчја.

Транспортните услуги се во прекин во неколку области.

На повеќе делови од државата врнеше необично многу дожд, уште од неделата.

Министерот за внатрешни работи на Индија, Амит Шах информираше за тимови на државни и национални сили за одговор при катастрофи се распоредени на различни места во Гуџарат.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.