Невообичаено: Се истопија две милијарди тони мраз за 24 часа

Вкупното топење мраз во саботата се проценува на две милијарди тони односно два кубни километри леден покривач, јави Си-Ен-Ен.
Иако Гренланд е најголем остров на светот со големи количини мраз, многу невообичаено е толку лед да се истопи во јуни. Сезоната на топење трае од јуни до август, а најголем дел се топи во јули, објави медиумот.


Томас Мот, од универзитето во Џорџија, кој специјализирал за климата на Гренланд, вели дека ненадејниот скок во топењето на мразот е невообичаен, но не е без преседан.
– Тоа може да се спореди само со она што го видовме во јуни 2012 година, изјави Мот.
Тој потсети дека тоа била рекордна година кога целиот леден покривач на Гренланд бил погоден од извесен степен на топење, за првпат откако се води евиденција.

Loading...