Невработеноста во Грција порасна на 27 отсто

Loading...

 Грчката стапка на невработеност порасна во февруари на 27 отсто, од надолу ревидираните 26,7 отсто колку што изнесуваше во претходниот месец, објави во четвртокот државниот завод за статистика ЕЛСТАТ.Станува збор за највисока стапка на невработеноста откако тие податоци почнаа да се објавуваат во 2006 година.Без работа во февруари биле 1,32 милиони Грци, што значи дека нивниот број се зголемил за 11.633 во однос на претходниот месец.Грчката невработеност е повеќе од двојно поголема од просекот во еврозоната кој изнесува 12,1 отсто. Податоците го одразуваат влијанието на длабоката рецесија проследена со мерки на штедење.
Макфакс Грчката стапка на невработеност порасна во февруари на 27 отсто, од надолу ревидираните 26,7 отсто колку што изн

loading...
Loading...