Нежен-Еве зошто трендот на смарагден плиш освојува!

Loading...

Нежен, а доминантен: Еве зошто трендот на смарагден плиш освојува!
Додека се повеќе дизајнери се враќаат кон минимализмот, акцентот се префрли од линиите на материјалите. А оваа сезона, плишот е омилен.
Плишот е специфичен материјал. Во изработката на плишот, најважно е ткаењето, бидејќи овој материјал може да се создаде од различни суровини. И крајниот ефект се разликува во неколку детали. Може да биде потенок или подебел, со подолги или пократки конци, повеќе или помалку сјаен. Најпрефинетите се и меѓу најскапите материјали, тие често се поскапи и од свилата.

 

View this post on Instagram

 

Shay Mitchell spreading weekend vibes in an emerald green velvet tuxedo from the ZUHAIR MURAD #RTW #PreFall 2018 collection.

A post shared by Zuhair Murad Official (@zuhairmuradofficial) on


Предходната сезона, дизајнерите го вметнаа плишот во нивните креации, обидувајќи се да го вратат во мода. Некои трендсетерки веќе го носат, но сега трендот почнува да се шири и да доминира на светската модна сцена. Кој може да му одолее на богатиот и мек плиш? Гламурозен, кралски, толку нежен, но толку доминантен. Со него не ви требаат многу детали.
Пробајте и ќе го засакате. Смарагдната зелена е најновиот тренд во светот на боите, а плишот во оваа боја изгледа одлично!

loading...