Нежни бои за летните денови: Даваат нота на луксуз и елеганција

Британската актерка и водителка Ешли Робертс неодамна била фотографирана на улиците на Лондон во многу интересен комплет.


Таа често носи забавни и кокетни парчиња во впечатливи бои, а нејзините улични изданија се софистицирани и со стил. И овојпат Ешли била во согласност со модните експерти дека хит бои на ова лето се оние кои ги доживуваме како живописни, радосни, ведри и освежувачки.
Модните експерти велат дека оваа година ќе биде во знакот на нежните, но воедно многу моќни бои. Виолетовата ќе доминира во наредните месеци, а истата е многу лесна за комбинирање. Дополнителна предност е тоа што одлично им прилега на сите жени.


Без разлика дали сте русокоса, црнка, бринета, па дури и црвенокоса, оваа боја одлично ќе ви прилега. Во тренд ќе бидат сите парчиња во оваа боја, од фустани преку панталони па до аксесоари. Сите нијанси ќе бидат во мода, а на вам останува само да ја изберете онаа која ви е омилена.
Исто така, зелената нијанса е една од најпосакуваните, токму како и сината, жолтата, портокаловата, розовата, неон боите и нежните пастелни бои.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.