Независен: ВМРО-ДПМНЕ го оспорува референдумот со кој се гордее

ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот. ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие локални избори. Опозициската партија со ист коментар по завршувањето на локалните избори минатата година и резултатите од референдумот. Иако ВМРО-ДПМНЕ го прогласи референдумот за неуспешен и лидерот на партијата Христијан Мицкоски упати „длабока почит“ кон граѓаните и констатираше дека народот не го скршиле ниту уцените, ниту бруталните закани, ниту списоците и малтретирањата, а сега потпретседателот на партијата Александар Николоски изјави дека партијата не го признава резултатот од референдумот.
Извршниот комитет на опозициската партија бара да се формира Анкетна комисија во Собранието која ќе ги разгледува сите неправилности и нерегуларности на денот на референдумот и разрешување на јавниот обвинител и избор на нов на предлог на опозицијата, кој требало да се позанимава со сите референдумски нерегуларности. Партијата  поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе од 200 лица, претседатели, заменици-претседатели, членови, заменици-членови и избирачки одбори, на избирачки места во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај. Тие обвинуваат дека на референдумот биле злоупотребени над 50.000 гласа. „За сето ова време, Јовески не мрдна со прст, чекаше и чека поднесување на претставки или кривични пријави кои потоа ги става во фиока, чекајќи да мине референдумот, оставајќи го референдумот да се одвива во иста криминална атмосфера. Денеска слушнав дека од ЈО рекоа дека наводно ‘будно ги следеле прес конференциите’ и дека ‘сѐ што ќе биде доставено ќе процесирале’. Не. Ова не е одговор кој што треба да дојде од то обвинителство и тоа не е одговор кој што го амнестира републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е истата реторика со која настапи и поранешниот лидер на партијата, а сега почесен претседател Никола Груевски по локалните избори минатата година кога СДСМ ги доби градоначалничките места во речиси сите општини. Груевски тогаш обвини за изборна кражба и нерегуларни избори со „многу нерегуларности, индиции за поткуп на гласачи, закани и уцени од униформирани и неуниформирани лица, ‘бугарски воз’, гласачки ливчиња носени од едни во други општини, уцени врз вработени од државата администрација и огромен молк од полицијата која е учесник во изборната измама“.
Повеќе на: Опозициската партија со ист коментар по завршувањето на локалните избори минатата година и резултатите од референдумот.

Loading...