Независна пратеничка група: Гога, Бишевац и твојата некомпетентност Мицковски ти пресудија

Loading...

Независна пратеничка група: Гога, Бишевац и твојата некомпетентност Мицковски ти пресудија

Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ е последица на распарчувањето на партијата кое Мицкоски  го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкутемина негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура. Тој остана настрана и од помирувањето кое е толку потребно во нашето општество.

Срамно е немањето доблест за признавање на дебаклот кој ние најавивме дека ќе ѝ се случи на партијата, а со оглед на деструктивните политики водени од Мицкоски. Залудни се оправдувањата дека ВМРО-ДПМНЕго  победила СДСМ и обидите за манипулација на чесното членство. Наместо тоа, Мицкоски, веднаш, без размислување, треба да поднесе оставка за катастрофалниот резултат што ѝ го донесе на партијата. Со себе треба да ги понесе и неговите „лева“ и „десна“ рака, како и сите нивни придружници кои изминативе години во континуитет ја носеа партијата во пропаст, наместо да се залагаат за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО.

Самонаречениот лидер Мицкоски, кој во изборите се претстави како „даскал“, ги изгуби овие избори со 40.000 гласови помалку во споредба со претседателските избори. Доколку се направи споредба со парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ поради нечесните политики кои ги водеше Мицкоски има 150.000 гласови помалку. Тој самиот кажа дека доколку ги изгуби изборите или не состави Влада, ќе си поднесе оставка. Редно е барем еднаш да го одржи зборот и да замине засекогаш од ВМРО-ДПМНЕ. Доста беше лажен патриотизам и сквернавење на партијата. Доста беа погрешни политики и урнисување на името ВМРО-ДПМНЕ.

Во нашата партија има чесни поддржувачи, членови, активисти. Ти не си ВМРО-ДПМНЕ, ти си уништувач на идејата за модерно, центар десно ВМРО. Затоа, Христијан Мицкоски, заминувај веднаш“.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упатува честитки за сите учесници во изборниот процес, кој согласно досегашните извештаи од набљудувачите, помина во мирна и демократска атмосфера, како што и доликува на Република Северна Македонија која ги отпочнува проговорите со Европската Унија.

„Со жалење констатираме дека Христијан Мицкоски ѝ донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа, потврда дека на партијата ѝ се неопходни реформи и темелна чистка, со цел нејзина демократизација. Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство, кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик грчката Златна зора. На членството му благодариме за стабилната поддршка што ја покажа, за разлика од Христијан, кој донесе само негатива покажувајќи дека не умее да го искористи кадровиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...