Незапаметен злочин во Заечар: Силувани мајка и нејзините ќерки

Полицијата го уапсила 42-годишниот И.Ќ. поради повеќе кривични дела – станува збор за силување и насилство во семејство. Во полиција го пријавила невенчаната сопруга која тврди дека И.Ќ. ги силувал неа и нејзините две ќерки на возраст од 3 и 6 години во село во близина на Заечар.
Веднаш по пријавата на монструозното злоставување жената и двете девојчиња се сместени во сигурна куќа дом, а манијакот набрзо е уапсен во Белград.
И.Ќ. е задржан во притвор, а по деталната истрага ќе му биде одредена и казна за сторените кривични дела.

 

 

Loading...